Роден на 14.10.1959 година во с.Сенце општина Маврово и Ростуша.
Од 1963 година живее во Гостивар. По националност е Македонец.
Дипломиран на Правниот факултет во Скопје на 25.06.1985 година.
Правосуден испит положил во Скопје на 23.10.1990 година.
На 22.12.1986 година се вработил како судски приправникво тогашниот Општински суд Гостивар.
Во 1987 година остслужувал воен рок.
Од 21.12.1987 година распореден на работа и работни задачи стручен соработник во тогашниот Општински суд Гостивар.
Со решение на Владата на Република Македонија бр.23-950/1 од 04.05.1991 година е именуван за Секретар на Извршниот одбор за вршење на работите на Собранието на општина Гостивар. Оваа функција ја извршувал од 04.05.1991 година до 13.07.1992 година, од кога продолжил да работи во Општинскиот суд Гостивар како стручен соработник.
Со одлука на Собранието на Република Македонија бр.07-2759/1 од 01.07.1999 година, избран е за судија во Основниот суд Гостивар и работел во Кривичниот оддел.
Со одлука на Судскиот совет на Република Македонија бр.07-1790/1 од 31.10.2007 година, избран е за судија во Апелациониот суд Гостивар и работи во Кривичниот оддел, Претседател е на совет.